Таткото на Меган Маркл испрати писмо до Опра: Ќе ги раскажам сите тајни на мојата ќерка

пред 3 години

Томас Маркл, таткото на Меган, пред неколку дена оставил писмо за водителката Опра Винфри на луѓето од обезбедувањето на нејзиниот имот и вели дека сака таа да го интервјуира. „Ќе ги кажам јавно сите тајни на Меган“, рекол тој на папараците што го фотографирале кога си заминал од куќата на Опра.

Томас, кој е пензиониран директор за осветлување во Холивуд, веќе неколку години не разговара со својата ќерка. Тој пред свадбата на Меган и Хари на медиумите им го даде писмото што тие му го испратиле, а во кое го замолуваат да не споделува детали од нивната приватност во јавноста. Долго време тој раскажуваше и приказни од животот на Меган, а за ексклузивните информации о фотографии, добиваше пари од таблоидите.

Сега, тој сака повторно да зборува јавно, овојпат со Опра, која пред еден месец разговараше со Хари и Меган. Во интервјуто, Меган зборуваше дека ѝ е неубаво оти има чувство дека ја изневерил нејзиниот отуѓен татко.

Томас неодамна јавно се закани дека ќе продолжи да зборува со медиумите сè додека неговата ќерка и нејзиниот сопруг, не разговараат со него.

Scroll to Top