(Фото) Луксуз во замок или екстравагантна куќа: Каде живеат тројцата најбогати луѓе во светот

пред 3 години

Илон Маск, Џеф Безос и Бил Гејтс се прогласени за тројца најбогати луѓе во светот, и секој од нив на своето конто има над 100 милијарди долари. Буквално можат да прават што им душа сака. Поседуваат вредни имоти насекаде. Каде живеат најбогатите…

Џеф Безос

Имот со куќа изградена од поранешниот сопственик на „Ворнер брадерс“, која пред неколку месеци ја купил Џеф Безос, е  неверојатен.

Во Лос Анџелес, поточно во луксузната населба Бел Ер, се простира имот на кој поранешниот сопственик на најголемата продуцентска компанија во светот изградил куќа за себе, која се продаде за неверојатни 195 милиони долари.

На имотот наречен Чартвел, има куќа направена во стилот на француски замок од 18 век, со гостинска куќа која има 5 спални соби, винарска визба, мебел, слики и скулптури купени на аукции.

 

Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, беше најбогатиот човек во изминатите десет годни. Затоа не е изненадувачки што тој живее во таква екстравагантна куќа, која самиот ја нарекол  „Xanadu 2.0“, според ликот од филмот „Citizen Kane“. Неговата површина е 6.130 квадратни метри и е полна со современи уреди. Сегашната проценета вредност на куќата е 123 милиони долари.

  

Илон Маск

На Бел Ер, Лос Анџелес, Илон Маск купил  вила вредна 24,25 милиони долари, што е негов петти имот во овој престижен дел од светот. Неговите вили на Бел Ер се прилично блиску една до друга, па се чини дека Маск сака да ја поседува целата територија од овој дел од светот. Но, неговиот вистински дом е вила од 17 милиони долари што ја купи во 2012 година, и во која сеуште живее.

Scroll to Top