(Фото) Моника Белучи во секси црвен фустан пред 30 години

пред 3 години

На профилот „ History.jpg “ на Инстаграм, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи, направена во уметничка галерија во Италија далечната 1991 година.

На 30 години старата фотографија, погледите на присутните се свртени кон Белучи, која позира во црвена тоалета.

Коментарите на обожавателите се разновидни, сите велат дека е убава, а многумина велат дека воопшто не се сменила.

 

Моника Белучи глумеше во неколку филмови кои доживеале планетарен успех, како што се „Малена“, „Страдањето на Исус“, „Пактот со волците“, а во филмот „Спектар“ во 2015 година, таа беше најстарата девојка на Џејмс Бонд.

Се омажи двапати. Најпрво со италијански фотограф, со кој бракот им траел само неколку месеци, а потоа и со францускиот актер Венсан Касел  со кој беше во брак до 2013 година и има две ќерки.

Scroll to Top