(Фото) Од Мексико, право на ревакцинација, Анастасија ја прими втората вакцина

пред 3 години

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ синоќа се врати од Мексико и веднаш замина во болница да ја прими втората доза на вакцина против коронавирусот.

Таа вели дека првата ја примила пред патувањето. Сакала да биде сигурна и да не се плаши за време на одморот дека ќе се зарази.

Мајка ѝ, Светлана Ражнатовиќ Цеца, објави нејзина фотографија додека ја прима вакцината.

„Се вакцинирав и се ревакцинирав. Тоа ми беше целта. Да бидам сосема безбедна и своја на своето. По вакцината се чувствувам супер. Беше феноменално. Сега се чувствувам подобро. Кога сум меѓу луѓето, не се плашам дали ќе се заразам. Сега сум многу посмирена и драго ми е што тоа го направив. Апелирам до сите кои можеби се плашат, затоа што слушнав разни теории на заговор, да го направат тоа и да се извлечеме од оваa ужасна чума. Конечно да можеме слободно да живееме и да се вратиме на нормалното“, изјавила Анастасија.

 

 

Scroll to Top