(Фото) По 37 години жена повторно освои „Златен глобус“

пред 3 години

Режисерката од Кина, Клои Жао, по 37 години е првата жена која освои статуетка „Златен глобус“, за режија. Таа е првата жена од азиско потекло која има освоено ваква награда. Единствената жена пред неа која освоила ваква награда е Барбара Стрејсенд за музичката драма „Јентл“.

Клои ја освои наградата за најдобар режисер за филмот „Земја на номадите“, драма за американски бездомни преселници погодени од рецесија. За најдобар филм беше избран и сатирата „Борат 2“.

Доделувањето на наградите се одржа истовремено и во Лос Анџелес и Њујорк. Тоа беше претежно виртуелна свеченост, а беа запазени и сите мерки против пандемијата на коронавирусот.

 

Scroll to Top