(Фото) Романтичен фустан за принцот: Кејт и Вилијам прославија 10 годни брак

пред 3 години

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам денеска ја прославуваат 10-годишнината од нивниот брак. Тие на Инстаграм објавија две заеднички фотографии .

Фотографиите ги направил познатиот фотограф Крис Флојд  во дворот на лондонската резиденција.

Кејт Мидлтон од почетокот на врската со принцот Вилијам, па и подоцна во текот на нивниот брак, постојано привлекува внимание со нејзините модни комбинации и со текот на времето стана  модна икона и симбол за елеганција.

Кејт за фотографиите носи романтичниот фустан со нежно-сина боја, со потпис од брендот „Ghost“, а ваков ист фустан таа носела и за време на посетата на Пакистан.

Scroll to Top