(Фото) Се омажи ѕвездата на „Гранд“ Биљана Сечивановиќ

пред 4 години

Пејачката Биљана Сечивановиќ, некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ викендов се омажи за Александар Недиќ. Ова е прв брак за пејачката, која го има синот Матеј од врска со бизнисмен од Австралија, а кој ја оставил веднаш кога дознал дека е бремена. Александар, пак, е татко на 16-годишната Николина, која ја има од првиот брак, пишуваат српските медиуми. Парот се венча во присуство на само неколку членови на семејството и кумовите, а пејачката беше облечена во бела венчаница. „Љубовта не знае за време и години, а јас ќе се мажам кога ќе биде време за тоа бидејќи не се грижам за коментарите на другите“ изјави Биљана во една прилика. Таа и Александар се запознале пред три години, а од неодамна живеат заедно. „Најтешкото помина. Не е лесно да прилагодите два тинејџери кои не се во сродство, а станаа семејство. Исто така на децата треба да им биде јасен односот меѓу нивните родители и личностите кои ги одбрале за свој партнер. Периодот на прилагодување придонесува помали потешкотии, но со љубовта која ја имаме јас и Аца се поминува полесно“ изјави неодамна пејачката.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top