Шест месеци по разделбата, Меган Фокс поднесе документи за развод од Брајан Остин Грин

пред 3 години

Шест месеци откако го напушти сопругот, Брајан Остин Грин, актерката Меган Фокс и официјално поднесе документи за развод. Грин и Фокс се разделија во мај, кога Меган му ги остави трите деца на Брајан за да се пресели кај новиот дечко, музичарот Машин Ган Кели. Брзо потоа таа изјави дека музичарот е нејзината сродна душа и дека таква љубов се случува само еднаш во животот.

Откако се разделија, Меган постојано објавува слики и видеа со новиот дечко, а пред неколку дена се појавија заедно на црвениот тепих на Американските музички награди. Брајан, пак, во јавноста се појави со 2-3 различни девојки, но секојпат демантираше дека е во врска со некоја од нив.

Брајан и Меган се венчаа пред денес години. Тие имаа проблеми и претходно и во 2015 година се разделија, но тогаш решија да пробаат да го спасат бракот, па Меган брзо потоа остана бремена со нивното трето дете.

Scroll to Top