Ѓорѓе Балашевиќ пренесен во болница во Белград поради влошено здравје

пред 3 години

Пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (66) бил итно примен на Инфективната клиника во Белград откако развил пневмонјиа. Тој десетина дена се лечел дома од воспаление на белите дробови, но сега состојбата му се влошила, пишува порталот Нова.рс.

Тие не пишуваат дали пневмонијата е резултат на Ковид-19.

Инаку, Балашевиќ пред две години имаше срцев удар, кога му беа вградени стентови. Тој спаѓа во ризичната група на лица ако се заразат со корона, пишува порталот.

Scroll to Top