Ќе ги испитаме тврдењата на Меган Маркл дека имало расизам во семејството , велат од Бакингамската палата

пред 3 години

Проблемот со расизмот што го покренаа војводата и војвотката од Сасекс е многу загрижувачки и семејството ќе го решава во приватност, објавија од Бакингамската палата  еден ден нивното интервјуто со Опра Винфри.

„Целото семејство е тажно откако дозна колку тешки и предизвикувачки биле изминативе години за Хари и Меган. Проблемот со расизмот е особено загрижувачки“, соопшти палатата. Од таму влат :

„Сеќавањата може да варираат, но тврдењата изречени во интервјуто со Опра Винфри ги земаме многу сериозно. Војводата и војвотката од Сасекс секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“

Бакингамската палата се најде под притисок да одговори на тврдењата на Меган Маркл дека еден член на кралското семејство се интересирал колку темна кожа ќе има нејзиниот син Арчи. Принцот Хари надвор од интервјуто ѝ рекол на Винфри дека тоа не било кажано од кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Во интервјуто, Меган откри дека ѝ било многу тешко да живее како член на британското кралско семејство, од кое не добила помош кога ѝ била потребна и дури размислувала за самоубиство.

 

Scroll to Top