Џенифер Анистон на 52 ќе стане мајка објавија светските медиуми

пред 3 години

Американската актерка Џенифер Анистон (52) објавила дека ќе стане мајка. По два разводи, Анистон одлучи да посвои девојче што го запозна во сиропиталиштето „Каса Хогар Сион“ во Мексико. Близок извор на актерката, за магазинот „Клосер“ изјавил дека Џенифер  ја потврдила веста и дека актерката многу години финансиски му помагаше на сиропиталиштето и сега реши да посвои девојче. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.

– Џен беше убедена дека собирот со колегите е вистинскиот момент да се објави веста дека станува мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците на снимањето – изјавил изворот.

Екипата од „Пријатели“ го поминале скоро секој буден час, цела деценија – заедно. Поддржувајќи се едни со други во сите тешки моменти, вклучително и борбата на Кортни да стане мајка и болниот развод на Џенифер со Бред Пит, затоа за Џенифер било многу стресно и важно да им ја соопшти таа вест.

– Сите беа пресреќни кога им ја соопшти веста и ѝ дадоа неколку родителски совети, за кои рече дека со задоволство ќе ги прифати – додаде изворот.

На почетокот на 2011 година, пред Џенифер да се омажи за актерот Џастин Туро, се шпекулираше дека планира да посвои дете од сиропиталиште во Мексико со кое беше во постојан контакт и му даваше парична помош.
Иако ги негираше приказните за посвојување на дете пред 10 години, изворот вели дека актерката Кортни Кокс ја поддржувала во процесот на посвојување, кој трае веќе повеќе од една година.

– Судот знае дека актерката не сака да направи од ова медиумски фама и сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели добрата вест со своите колеги и пријатели – заклучи изворот.

 

 

Scroll to Top