Џенифер Лопез и Алекс Родригез размислуваат да ја откажат венчавката

пред 3 години

Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот партнер американската безбол ѕвезда Алекс Родригез, размислуваат да ја откажат планираната венчавка, која ја презакажаа поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат познатите светски таблоиди

Џенифер во емисијата на Енди Коен, објасни дека таа со Алекс планираат да останат да живеат заедно, но никогаш да не се венчаат.


„ Засега не брзавме со венчавката. Ни беше тешко, затоа што требаше да се венчаме уште во јуни и ги направивме сите подготовки. Сега планираме во март или април, но секогаш кога разговараме на оваа тема и двајцата си велиме дека ова можеби никогаш нема да се случи“, изјавила Лопез.

Во разговорот со Коен, тие го спомнале и примерот со холивудскиот актер Курт Расел и неговата партнерка Голди Хоун, кои заедно живеат среќно, иако никогаш се немаат венчано.

 

Scroll to Top