Апсења во Дебар Маало, шестмина приведени, пронајдени кокаин и оружје

пред 3 години

Синоќа во Дебар Маало се првиедени ѓест лица, а пронајдени се кокаин и оружје информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Околу 23.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“, при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба велат од МВР.

На ул.„Боемска“ бил приведен 25-годишниот С.Г. од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.

На истата улица се приведени и три лица на возраст од 20 до 24 години, сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Scroll to Top