Бојан Лазаревски е именуван за нов директор на Агенцијата за филм

пред 3 години

Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница.
Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници, кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните потрошувачи.

Тој има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор, а во својство на член на УО на Агенцијата за филм ги менаџираше одлуките за буџетите за филм. Toj доаѓа на местото директор на Агенцијата за филм по истекување на вториот мандат на Горјан Тозија.

Scroll to Top