Браќа од Сингелиќ во гаража чувале поголеми количини на хероин и кокаин, едниот од нив е во бегство

пред 3 години

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 27-годишник од селото Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Обвинетиот заедно со неговиот брат, кој во моментов е недостапен за полицијата, во гаражата во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин.

Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси.

При полицискиот претрес, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка магнум 357 со рамка со шест куршуми.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор.​​

Scroll to Top