(Видео) МВР со детали за шестчлената група која се бавела со шверц на мигранти на јужната граница

пред 4 години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, вчера спроведе координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница. Мигрантите по влезот во земјава биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група која ги пренесувала до Кумановско-Липковскиот регион, соошти МВР.

Криминалистичката истрага над организираната шестчлена криминална група, која делувала на територијата на земјава, е спроведена во изминатите 10 месеци, односно од декември 2019 година до сега. Организаторите на криминалната група се Р.В. и неговиот брат Д. В. од Богданци, кои со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со други лица од Грција ја организирале криминалната група во земјава.

Врз основа на претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од Грција, мигрантите биле пренесувани преку јужната граница, преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, се доведувале на претходно утврдени и договорени локации.

Од овие локации, илегалните мигранти биле преземани од страна на членовите на групата В. Д., А.А. и И.М., кои ги прифаќале и со моторни возила ги превезувале до договорените локации во Кумановско-Липковскиот регион. Оттаму мигрантите во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско-Липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Србија кон државите на ЕУ. Најголемиот број од мигрантите кои биле криумчарени од страна на оваа криминална група биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, кои претходно веќе пристигнале и престојувале на територијата на Р.Грција, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.

При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино, а лишени од слобода се четири лица, а еден е на издржување на мерка притвор.Од засега извршените претреси пронајдени и привремено одземени се патничко возило, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол, малокалибарска муниција и други предмети.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против Р.В. (27) за организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти и криумчарење на мигранти, како и против Д.В.(25), В.Д. (22) од Струмица, А. А. (28) од Струмица (пријавениот издржува мерка притвор од 17.05.2020 во затвор Скопје за криумчарење на мигранти), потоа И.М. (27) од Струмица и Д. К. (21) од Гевгелија.

Scroll to Top