(ВИДЕО) Петрушевски: Дали покрај Спасовски има уште еден министер што нема НАТО сертификат поради сомнежи за корупција?

пред 3 години

„Македонија со Заев е на 111-то место на индексот по корупција во светот. Убедливо најкорумпирана земја во Европа.

Македонија со Заев според „Економист“ е хибриден режим каде нема демократија.

Тоа е така зошто во државата владее мафија, и зошто владата е таа мафија.

Носителите во власта се носители на корупциски и криминални афери. Затоа е и затворена вратата во Европа“, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Престои уште еден сериозен скандал. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека нема се уште НАТО безбедносен сертификат. Првиот човек во МВР, нема сертификат од НАТО, а Македонија повеќе од една година е членка на Алијансата.

Вистината која јавноста ја заслужува е одговор на прашањето: Дали Спасовски нема сертификат поради бројните сомнежи за корупција? Дали Спасовски, како што и сам кажа е во процедура на чекање за сертификат и истиот не го добил заради големиот број на коруптивни афери во Македонија од кои ниту една не е решена и неговата потенцијална вмешаност во истите?!

Дали НАТО знае нешто за Спасовски кој е проблем за неговото добивање на НАТО сертификат?!

Да потсетиме Спасовски беше министер за внатрешни работи кога се случи најголемата рекетарска афера во Македонија, случајот „Рекет“, каде осудениот за рекет кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев. Спасовски е министер во МВР, кога целата јавност виде како Ден Дончев става туциња пари во ташна. Спасовски е на чело на МВР и за време на „ШИК Јелак“, „Еуростандард“ и други бројни афери, од кои ниту една не е расчистена.

Министерувањето на Спасовски е обвиткано во сомнежи за криминал на сите страни. Спасовски е само еден во низата претставници на власта кои немаат НАТО сертификат. НАТО два пати по ред ни ги враќа предложените воени претставници затоа што не им се одобрува сертификат.

Но овој скандал со сериозни сомнежи за не поседување на сертификати не застанува тука.

Власта треба да одговори и дали покрај Спасовски постои уште еден функционер – министер од владата кој нема сертификат?!

Оставаме 24 часа самиот да излезе во јавноста и да ги наведе причините зошто нема сертификат, или утре ние јавно на прес конференција ќе објавиме? Ова е огромен скандал.

Ова е потврда дека НАТО не сака да си има работа со лица и функционери за кои има сомнежи за корупција и криминал“, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top