ВМРО-ДПМНЕ: Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија

пред 2 години

Ковачевски се крие и збор не кажува за новонастаната ситуација во односите со Бугарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, додаваат од таму, цела влада е на одмор и нема ниту еден ресорен министер да излезе во јаноста и да каже каков е тој нов бугарски документ со нови услови за Македонија.

„Имено, Бугарија подготвува нов пишан документ кој треба да содржи нови обврски за Македонија и по кој веројатно бугарската страна ќе оценува дали Македонија ќе добие ново вето во некое поглавје, односно кластер. Патем министерот за надворешни работи Милков вели дека ваквиот пишан документ ќе им овозможи „систематски пристап и јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“. Ковачевски треба да излезе и да каже што значи ова за Македонија. Кои се новите понижувања кои се подготвени да ги направат заради нивните лични кариери“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Патем Милков, бугарскиот МНР, напоменуваат од опозициската партија, меѓу редови вели дека СДСМ е партијата со која им оди работата, па логично се поставува прашањето дали и овој нов пишан документ Ковачевски и компанија прво ќе го негираат, па ќе го кријат, па ќе го прифатат и ќе го прикажат како историски момент, исто како што направија со сите предавства претходно.

„Ваквите понижувања мора да престанат. Македонија мора да има цврсти национални и државни позиции. За жал со оваа влада тоа не е можно. Затоа народот треба да одлучи“, нагласуваат во соопштението од партијата на Мицкоски.

Scroll to Top