ВМРО-ДПМНЕ: Заеви да одговорат дали е нивно комбето фатено со дрога од 800 илјади евра

пред 3 години

Заеви станаа и нарко картел, да одговорат дали комбето фатено со дрога од 800 илјади евра е на семејството Заеви?, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев да одговори дали е точно дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€ во бело комбе со грчки таблици, е во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420”.

Пратечки возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп. Дали е уапсен шоферот на Трајче Заев токму во оваа акција?

Дали во фирмата „Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев?

Фирма со име „Медикал 420БГ лтд” од овие двајца беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич.

Дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top