ВМРО-ДПМНЕ за одложениот вонреден конгрес: Пропадна уште една инвестиција на Заев

пред 3 години

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста реагираат по најавата од страна на Иницијативниот одбор за промени во партијата, дека се одложува вонредниот конгрес, кој ова тело претходно го закажа за 28 месецов.

„Во врска со откажувањето на таканаречениот вонреден конгрес на иницијативата Мериот, сакаме да истакнеме дека уште една инвестиција на Заев пропадна и со тоа е нанесен уште еден пораз на обидот да се инсталира контролирана опозиција“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека ова е најголем доказ оти луѓе кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднината.

„ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати, па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини“, нагласуваат од опозициската партија додавајќи дека македонската пролет доаѓа.

Scroll to Top