ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со гестот во Солун ја понижи Македонија, веднаш да си поднесе оставка

пред 2 години

Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако се појави видео од вчерашниот самит на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, во Солун.

На снимката се гледа како албанскиот премиер, Еди Рама, на германскиот канцелар Олаф Шолц, шеговито му го претставува Ковачевски како премиер на идната Западна Бугарија, што предизвика смеа кај присутните и кај македонскиот премиер.

„Едно зборува пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија.

Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања“, се наведува во партиската реакција во која се бара поради ваквиот, како што се вели, скандалозен гест, Ковачевски веднаш да си даде оставка и да се извини.

„Во стилот на измеќар од Македонските народни приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top