ВМРО-ДПМНЕ: Путеро го нема, Николовски треба да одговара за сите криминали

пред 3 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на вчерашните известувања од страна на вицепремиерот за борба против корупција за запленет путер со поминат рок.

„Путеро го нема провизиите стоо. Стоо и 5 камиони шверцан тутун за кој никој не одговара, но важно е Николовски заплени 60 пакувања путер“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Државата тоне во криминал. Немаме вакцини. Народот останува без леб на улица, а наместо конкретни чекори од страна на власта, тие си играат мајтап“, додаваат од оваа партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека Николовски треба да одговара за сите криминали, за целата штета која ја направи на Македонија.

„Додека тој се мајтапи со јавноста, шлеперите на неговите блиски шверцаат тутун, си ги вработува роднините, а брат му книжи огромни профити“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top