Во сообраќајка во Прилеп двајца повредени

пред 3 години

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, помеѓу две возила.

Во незгодата П.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил З.Х.З., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Scroll to Top