Две сообраќајки во Велес, тешко повредено 21-годишно момче

пред 3 години

Попладнево на улицата „Димитар Влахов“ во Велес во сообраќајка повредено е 21 годишно момче, откако со неговиот мотоцикл директно се судрило со автомобил, потврди портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Поради сериозноста на повредите, со возило на итната помош повредениот бил транспортиран во Хирушкото одделение во Општа болница во Велес.

Попладнево на патот Каратманово-Лозово, се случила уште една сообраќајка од која во моментов екипа на Брза помош од Велес и пожарникари од ТППЕ Велес извлекуваат возило паднато во дол. Според првичните информации во несреќата нема жртви.

Scroll to Top