Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец

пред 4 години

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 28-годишен скопјанец кај кого била пронајдена дрога и оружје.

„Осомничениот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” и на адресата на која непријавено престојувал на улица „Париска” во Скопје, неовластено заради продажба држел марихуана спакувана во зипер кеса, две целофански пакувања и бело најлонско пакување со вкупна нето маса од 29 грама, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. При претресот била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Тој недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол“, соопштија од скопското Обвинителство.

Поради опасност од бегство, до судот е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top