Запленета дрога кај затвореник во затворот во Струга

пред 3 години

При претрес во затгворот во Струга била откриена марихуана. Како што информира МВР, акцијата била спроведена
од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга.

При контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ.П. пронајдена е околу 250 грама марихуана.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.

Scroll to Top