За еден ден 140 казни поради брзо возење

пред 2 години

Полицијата казни 140 возачи вчера поради брзо возење.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Scroll to Top