За три дена – казнети 1436 возачи

пред 3 години

На 5,6 и 7 јануари од страна на организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирани се вкупно 1436 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. 237 санкции се изречени за возење со поголема брзина од дозволената, 87 за возење нерегистрирано возило, 192 санкции за управување возило без положен возачки испит,
50 за управување на возило под дејство на алкохол, 178 за непрописно престигнување, соопшти МВР.

Scroll to Top