Земји кои не сакаат Северна Македонија да напредува пласираат дезинформации, вели премиерот Ковачевски

пред 2 години

Во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“, премиерот Димитар Ковачевски се осврнува на дезинформациите што во нашата земја се пласираат, како што вели, во контекст на актуелните политички случувања и војната во Украина.

„Тие потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива. Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Северна Македонија и во регионот“, истакнува Ковачевски.

Тој во интервјуто посочува дека Република Северна Македонија во целост ја спроведува одлуката на Советот на Европа за забраната за емитување на руските медиуми „Спутник“ и „РТ“, како што неодамна направија и САД, Велика Британија и други земји.

„Северна Македонија целосно ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ. За прв пат воведовме санкции кон Русија, почнувајќи со оние од 2014 година “, истакна премиерот за австрискиот медиум.

Scroll to Top