Кабинетот на Пендаровски: Ставовите на претседателот за 27 април се кристално јасни

пред 3 години

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, велат од Кабинетот на претседателот, по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Пендаровски едно зборувал на средбата, а друго во јавноста.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека фактот што по вчерашната средба немало заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажувало дека секој од соговорниците по средбата ги кажувал само своите ставови и оценки за тие настани.

„Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат“, пишува во соопштението.

Scroll to Top