Казнети 310 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

пред 3 години

Во текот на вчерашниот во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 310 возачи.

Од нив, соопштија денеска од МВР, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Scroll to Top