Кривична пријава за две лица од охридско-струшкиот регион, кај нив било пронајдено оружје

пред 3 години

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на огнено оружје“ и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(56) од Кичево и против А.А.(42) од струшкото село Франгово за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, информира МВР.

На 11.05.2021 година, полициски службеници од ОКП и ОВР Струга на магистралниот пат Струга-Ќафасан извршиле преглед во патнички автомобил „mерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.А. и во него пронашле и одзеле еден пиштол марка „НК“ и 50 куршуми калибар 9 милиметри.

Тој, предметите, претходно ги добил при контакт со А.Н. остварен во близина на бензиска пумпа на магистралниот пат Струга-Кичево, известуваат од министерството.

Scroll to Top