Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

пред 4 години

Во спомен на Тоше Проески и годинава вкупно десет маратонци ќе трчаат и ќе пристигнат во Крушево на 16 октомври напладне на годишнината од неговото загинување во сообраќајна несреќа.

Поради пандемијата годинава маратонот ќе се одржи на територија на нашата земја, поточно од преминот Табановце, преку Скопје, до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски вели дека е изградено гробното место на Тоше, на Гумење.

-И оваа година ќе го одбележиме овој тежок ден за Крушево, за државава и за Балканот. Ќе ги пречекаме маратонците и заеднички ќе му оддадеме почит на нашиот сограѓанин, пејач и амбасадор. Годинава ќе положиме цвеќе на веќе изграденото гробно место и Тоше конечно ќе има достојно почивалиште, вели Христоски.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Scroll to Top