МВР: Пронајдена дрога, приведени двајца дилери од Скопје

пред 3 години

Две лица се приведени за поседување на марихуана, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана, известуваат од МВР.

Од ресорното министерство додаваат дека по извршен претрес, полициски службеници од СВР Скопје, а врз основа на судска наредба, извршиле претреси во домовите на П.П.(20) и Д.П.(17), двајцата од Скопје.

При претресот во домот на П.П. биле пронајдени марихуана, три куршуми и други предмети. Додека, при претресот во домот на Д.П. биле пронајдени марихуана, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top