Нападнати полицајци во Скопје и Пробиштип

пред 4 години

Двајца полициски службеници вчера биле нападнати во Пробиштип и во Скопје. Настанот во Скопје се случил во полициската станица Карпош, а приведен е 62-годишен скопјанец. „Тој при влез во станицата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, бидејќи не му било дозволено да влезе без заштитна маска на лицето“, велат од МВР. Во вториот случај приведен е 45-годишен маж од Пробиштип кој нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Scroll to Top