Обвинение за двајца прилепчани за кражба во стан во Скопје

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против двајца прилепчани осомничени за кражба во стан во Скопје.

„Обвинетите жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на улицата Никола Парапунов во Скопје. Едниот осомничен внимавал некој да не наиде, додека другиот го скршил цилиндерот на надворешната врата и од станот одзел накит во вредност од околу 27.500 денари“, соопшти скопското обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата обвинети, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да избегаат или да го повторат делото.​​

Scroll to Top