Општина Центар поставува заштитни нано филтри на сите прозорци во детските градинки

пред 2 години

Здравјето и добросостојбата на нашите деца е еден од врвните приоритети во работата на Општина Центар и на градоначалникот Горан Герасимовски. Во таа насока, Општина Центар неделава започна со поставување на заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 детски градинки под надлежност на општината.

Досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка „Кочо Рацин“, на прозорците на објектот „Наум Наумовски Борче“ од истата градинка, а во текот на наредните денови исти такви филтри ќе се постават и на останатите 9 објејкти на општинските детски градинки.

Филтрите имаат за цел да делуваат против ПМ честичките и штетните надворешни влијанија, кои се особено изразени во зимскиот период. Со поставувањето на филтрите во голема мера се намалува изложеноста на децата на ПМ 10, ПМ 5 и ПМ 2,5 честичките, воедно спречувајќи го загадувањето на амбиенталниот воздух и просториите во градинките.

Нано филтрите се изработени од еколошки и биоразградливи материјали, не нанесуваат штета на здравјето на децата и вработените и не ја загадуваат животната средина.

Scroll to Top