Османи и Захариева ќе ко-претседаваат со состанокот на шефовите на дипломатии во Берлинскиот процес

пред 3 години

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, утре ќе ко-претседаваат со состанокот на шефовите на дипломатиите, кој се оддржува во рамките на заедничкото ко-претседателство со Берлинксиот процес.

Покрај министрите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската унија и Западниот Балкан, на состанокот ќе земат учество претставници на институциите на ЕУ и Советот за регионална соработка.

Во рамки на предвидени сесии, министрите за надворешни работи ќе имаат можност да ги споделат своите ставови и искуства во однос на предизвиците и можностите на Берлинскиот процес, креираните мерки со цел градење доверба и подобрување на регионалната соработка, вклучително и преку подобра поврзаност и мобилност меѓу луѓето од земјите на Западен Балкан, со посебен фокус на младите и граѓанското општество.

По завршување на состанокот, ќе се одржи и заедничка прес конференција меѓу министрите Османи, Захариева и Мас.Во рамки на заедничкото претседателство, истиот ден се одржува и ТинкТенк Форум организиран од страна на Институтот за Демократија Социетас Цивилис – Скопје во соработка со Европскиот совет за надворешна политика (ECFR), од Софија. Во рамки на ТинкТенк форумот, согласно агендата, е предвидено со поздравни обраќања да говорат министрите Османи и Захариева.

Состанокот е во предвечерието на седмиот Самит на Берлинскиот процес, кој оваа година е предвиден да се одржи на 10-ти ноември во Софија, на кој ќе бидат лансирани новиот Акциски план за воспоставување на Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за ЗБ кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка.

Scroll to Top