Османи на видео-средба со министерот за надворешни работи на Португалија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на негово барање, оствари видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Северна Македонија, особено можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.

Министерот Османи ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.

Scroll to Top