Османи пристигна во Софија, веднаш оди на средба со Захариева

пред 3 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево пристигна во Софија.

Според дипломатски извори во бугарскиот главен град, македонската делегација предводена од Османи веднаш по пристигнувањето се упатила на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција во Бојана.

Бугарската национална телевизија (БНТ) јави дека се очекува централна тема на разговорите да биде Акцискиот план меѓу двете земји.

Владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција, исто така, информира дека се очекува централна точка на разговорите меѓу Османи и Захариева да биде Акцискиот план и дека повеќе информации за договреното ќе има по враќањето на министерот од Софија.

– Инаку, знаете дека од претходно, усогласеноста на двата документа коишто ги доставија двете страни е во финална фаза, така што се очекува попрецизно по оваа средба околу идните чекори, рече Арсовски

Scroll to Top