ОЈО поднесе обвинение против 29-годишен жител на село Дуброво за трговија со дрога​

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави обвинителен акт против 29 – годишен жител на село Дуброво, Неготино, кој во домот и помошните простории во местото каде живеел неовластено заради продажба држел 39.533,4 грама наркотична дрога марихуана.

– Дрогата, која службени лица ја пронашле при претрес извршен на 5 ноември 2020 година, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа, се вели во соопштението од ОЈО.

Со поднесување на обвинението, а за да се овозможни натамошно непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот,

Лицето се товари за сторено кривичното дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Scroll to Top