Пендаровски на средба со Ердоган во Турција

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Турција, по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот ќе има средба и со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

Во петок, 18 јуни, претседателот Пендаровски ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува за прв пат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот, претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.

Во сабота, 19 јуни, Пендаровски во Истанбул ќе оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.

Scroll to Top