Познати добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

пред 2 години

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, на седницата одржана на 29.11.2021 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски – публицисти.

2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат: Аделина Марку и Марјанчо Николовски – новинари.

3. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година (вторник) во 12 часот во свечената сала на Собранието.

Scroll to Top