Полицијата најде над кило хероин во домот на битолчанец

пред 3 години

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска (23.03.2021) по претходно издадена судска наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во дом на С.С. (38) во Битола, соопшти полицијата.

При претресот, според МВР, пронајдени и одземени се 26 паковки со хероин со тежина од околу 50 грама, пари и мобилен телефон.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Scroll to Top