Премиерот Ковачевски предводи делегација на Владата во посета на Вселенската патријаршија

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска предводи делегација на Владата којашто во рамките на работната посета на Туркије ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј, информираат владините служби.

„Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света Литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви“ се потенцира во владиното соопштение.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Scroll to Top