Претрес во Кичево, пронајдена дрога

пред 3 години

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера ја лишиле од слобода М.Т.(22) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле кафеава прашкаста материја, повеќе шишенца со непозната течност, марихуана и други предмети. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Scroll to Top