Претрес во Радовиш, приведен дилер на дрога

пред 3 години

Полициски службеници од Полициската станица Радовиш вчера во 15:00 часот го лишиле од слобода 21-годишниот А. Г. од радовишкото село Ораовица, откако при претрес на неговиот дом била пронајдена дрога.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, гасен пиштол марка „Steyr Manliher“ и една дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Scroll to Top