Приведени тројца дилери од гостиварско, пронајден кокаин

пред 2 години

Приведени три лица во с.Зубовце, општина Врапчиште, кај кои бил најден кокаин.

Според информациите, се работи за М.С.(40), Ј.С.(39) и М.А.(43), сите од с.Калиште, општина Врапчиште. При преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“, со италијански национални ознаки, во кое биле тројцата, биле пронајдени и одземени 14 опаковки кокаин.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Scroll to Top