Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

пред 3 години

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х.(44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за недозволена трговија со дрога и фалсификување.

При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички на возраст од 10 години, по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трага од 22.02.2018 година, соопшти полицијата.

Scroll to Top