Приведен дилер од Аеродром

пред 3 години

Полициски службеници вчера привеле скопјанец осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти денеска МВР.

– Вчера од страна на полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода К.Н.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, полициските службеници, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот кај К.Н., на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски ќеси, дигитална вага и дробилка, се наведува во соопштението на Министерството.

К.Н. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот до Основното јавно обвинителство Скопје против него ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Scroll to Top